Секоја литературна и ликовна творба треба да ги содржи следниве податоци за авторот:
– Име и презиме
– Одделение/Клас во кој се запишани во тековната учебна година и училиште
– Населено место
– Телефон за личен контакт од ученикот или телефон за контакт од родител/старател на ученикот.
Конкурсот ќе трае во периодот од 8 октомври 2020 година, заклучно со 20.10.2020 година најдоцна до 24:00 часот.
Со оглед на состојбата во државата со вирусот КОВИД – 19, поради неможноста творбите да бидат доставени во хартиена верзија во училиштата, истите треба да се испратат во електронска верзија на емаил адресата на НЗСПШ: macprifor@yahoo.com. Заедно со литературните или ликовните творби е потребно да бидат доставени и податоците наведени погоре за испраќачот.