Националното Здружение на Сопственици на Приватни Шуми од Берово го реализира проектот Зборувај гласно, делувај јасно, согласно договор бр. 31/0302 кој го имплеметира во рамки на Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ од Еко-свест, CNVP Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската Унија.
Шумите се наше национално богатство и без разлика на сопственоста тие подеднакво има припаѓаат на сите граѓани и целокупната заедница како на локално така и на национално ниво.
Во септември се одржа еднодневна обука за влијание на шумите врз климатските промени и заштита од пожари преку координација на институциите на локално ниво
Врз основа на предвидените активности за вклучување на локалните институции со меѓусебна соработка и подобрување на целокупниот процес кој е поддржан од Европската унија за климатските промени, една од активностите е заедничка координација и подобра информираност со вклучување на сите надлежни институции, а особено единиците на локалната самоуправа во чии рамки е Територијалната пртивпожарна единца (ТППЕ) која ги покрива териториите на двете општини Берово и Пехчево, врботените во ТППЕ, единцата за заштита од пожари во ЈП Национални шуми, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Шумска полиција, ОВР Берово одделение за превенција, здружението на општинскиот противпожарен сојуз од Берово и други граѓани.
Основната цел е преку заедничко дејствување при дојава на шумски пожари да се информираат одговорните лица од институциите за нивна понатамошна координација согласно законските надлежности и притоа да бидат вклучени и сопствениците на приватните шуми односно НЗСПШ.
Целта на средбата е координација на самите одговорни лица преку пропишаните правилници особено при поголем пожар за кој е потребно и вклучување на воздушна поддршка и начинот на доставување на соодветни барања од одговрните лица и изготвување на информација до Советите на општините. Сите учесници од институциите се договрија да достават информација во пишана форма до советите на општините Берово и Пехчево со предлог мерки.
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. This category only includes cookies that ensures basic functionalities and security features of the website. These cookies do not store any personal information.
Any cookies that may not be particularly necessary for the website to function and is used specifically to collect user personal data via analytics, ads, other embedded contents are termed as non-necessary cookies. It is mandatory to procure user consent prior to running these cookies on your website.